А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Васко Маглешов
Македонија

До доцна вечерва Јанакиески и обвинетите во „ТНТ“ беа во судот – Утре распит

by Васко Маглешов18/12/2019 - 21:5118/12/2019 - 22:001300
Share0

Денешното рочиште за предметот за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, наречено „ТНТ“ заврши до доцна во ноќта, брифираат судски извори за „А1он“. И покрај обидите на одбраната со приговори на почетокот од судењето да го одложи започнувањето на испитувањето на двата последни сведока во постапката, судијата Огнен Ставрев речиси до 20.30 часот вечерва ја држел главната расправа и ја затворил доказната постапка за предметот.

Добивај вести на вибер

За утре е закажано рочиште со одбрана на обвинетите, што значи дека следуваат завршни зборови и пресуда, која ако продолжи оваа динамика на судење, би била донесена пред Нова година.

Првото рочиште за предметот се одржа на 24 јануари 2018 година, што значи дека предметот се суди безмалку две години.

Утрово адвокатот на обвинетата, Елизабета Најдовска, Мерџан Даути, од судот побара да ги земе предвид неговите три барања, меѓу кои едно од нив се однесува за истекот на мандатот на две од поротничките кои наполниле 60 години, истото барање кое го изнесе и обвинетиот Илија Димовски во предметот „Талир“.

Даути беше пријавен во Адвккатската комора за овој случај дека сака да го блокира судењето со барањата за превод. Тој во судот рече дека за возраста на поротничките кои според Законот за судови, не треба да бидат дел од судечкиот совет поради истек на мандатот, го известил и претсесателот на судот, Иван Џолев и Судскиот совет.

Тој денеска побара вештакот кој го ангажирало СЈО, Павле Гацов, да ги донесе сите документи со кои го изготвил вештачењето, бидејќи, како што рече, тоа било само негово мислење.

Судијата Огнен Ставрев не му ги прифати барањата и рече дека тоа се апсолвирани прашања, а обвинителот Бурим Рустеми, кажа дека обвинетите во секое време имале можност да извршат увид во вештачењето и да назначат технички советник и да нарачат нивно вештачење.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот политички противник Фијат Цаноски. СЈО тврди дека со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а доплнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе барааат отштета.

Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски, како и Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева. Предметот е во доказна постапка и преостанаа уште двајца сведоци и сослушување на обвинетите.

tnt

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

Горан Наумовски06/11/2023 - 15:51

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески06/11/2023 - 11:2806/11/2023 - 12:33

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Катерина Ѓуровски06/11/2023 - 08:51

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска08/05/2023 - 15:16

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска08/05/2023 - 07:5208/05/2023 - 08:21

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов29/12/2022 - 12:1529/12/2022 - 14:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен