Во германскиот град Цвикау се одвива неверојатно судење.
Едно осуммесечно бебе е на судење за наследен долг од 13.000 евра.
Девојчето Мила наследи долг од нејзиниот дедо, а исто така може да биде осудена да плати и договор за мобилен телефон и претплата на спортскиот канал „Скај“.
Целиот случај започна кога дедото на Мила, Рони почина во 2018 година, а мајката на девојчето Софи Рејнолд (19) беше шест месеци бремена. Таа и нејзиното момче одбија да го платат долгот поради ниски приходи, а по раѓањето, малата Мила беше повикана на судење.