Димовски: Од Пендаровски чувме дијагнози, но не и конкретни решенија

Од:

Очекувавме во своето прво обраќање претстедателот Стево Пендаровски да проба да гради мостови, но очигледно тој се уште не е излезен од чевлите на СДСМ и наместо да понуди мостови и помирување тој само успеа да ги продлабочи поделбите.

Ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за обраќањето на претседателот Стево Пендаровски пред пратениците.

– Очигледно покомотно се чувствува кога ги зазема ставовите на партијата. Чувме многу празни зборови, но не слушнавме ништо конкретно. Чувме дијагнози, но не чувме конкретни решенија, изјави пратенкот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека во говорот на Пендаровски не слушнале ништо во однос на неговите последни изјави за Гоце Делчев и иселувањето на младите.

– За неколкуте идеи што ги соопшти, мора да кажам дека нема никакви консултации со пратениците и опозоцијата што само потврдува дека тој не успеал да излезе од партиските чевли на СДСМ, рече Димовски.

Жалиме, продолжи тој, за испревртените интерпретации на Венецијанската комисија.

Посочи дека тие подале рака со нивното присуство денеска, но дека се разочарани.

– Одговорот на нашата проактивност не носи плод. Сакаме да му порачаме дека седум месеци се доволни за да излезе од својот партиски дрес. Време е да се постави како претседател на сите граѓани, изјави Димовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”