Алијанса за Албанците : Тесната соработка и судска коалиција меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не запре

Од:

Портпаролот на Алијансата за Албанците, Флакрон Беџети на прес-конференција во партиското седиште во Тетово обвини дека постои судска коалиција меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ. Тој истакна дека двете партии соработувале за избор на членови на Судскиот совет.

-Блискиот кандидат на ДУИ, Селим Адеми беше експресно избран од Комисијата за избори и именувања целосно поддржан од пратеници на ДУИ, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Се поставува прашањето дали се избра за втор па за истата позиција и воедно какви реформи можат да очекуваат граѓаните од Судскиот совет кој требаше првин да се реформира за да потоа го реформира судскиот сисем, истакна на прес-конференцијата Беџети.

Според него овој Судскиот Совет станува алатка на власта за избирање на партиски судии.

-Дека ДУИ прави се за себе за да ги спаси своите инкриминирани и корумпирани функционери, тврди и ставот на судијата Насер Ајдати поранешен висок функционер на ДУИ и сега член на Уставен суд кога со судските членови на ВМРО гласаа за нелегалната аболиција на поранешниот претседател Иванов поточно член 11 од законот за помиулување да важи за сите прогонети од СЈО, при што меѓу високи функционери на ВМРО се осомничени и обвинети функционери на ДУИ, рече на прес конфренцијата, Флакрон Беџети.

Алијансата за Албанците заради овие показатели јавно повика да итно започне ветинг и да се изврши во најчиста форма со помош на државите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски