Црногорскиот полицаец го убил албански државјанин, а не Косовец

Од:

Црногорскот полициски службеник Милутин Лековиќ, кој смртно беше застрелан во Игало, го затрелал албански, а не косовски државјанин, како што претходно беше објавено, наведува тиранската телевизија Ора њуз.

Настанот се случил вчера околу 14 часот, кога во службеникот пукало лице кое немало документи за идентификација, а кое заедно со уште двајцата уапсени изјавиле дека се од Косово.

-Тројца државјани на Албанија се уапсени околу 17:00 часот откако едниот од нив со огнено оржје го убил полицаецот Милутин Лековиќ и побегнале од местото на настанот. Во моментот кога полицијата го пронашла осомничениот, лицето кое се соменева дека пукало кон полицијата почнало да пука кон полициските службеници, по што тие му возвратиле, и го раниле во раката. Потоа полицијата го уапсила него, заедно со Лулзим Хасанај (49) и Нуре Хасанај (67) од Голема Малесија, во северна Албаниија, наведува телеизијата.

Албанската агенција Балкан веб,која, исто така, ја пренесува веста наведува дека станува збор за мајка и двајца нејзини синови.

Информациите потврдуваат дека Луан Хасанај е баран од албанските власти за „обид за убиство во соработка“.

Би можело да ве интересира

Со автомобилот излетал од патот, 72-годишник го загуби животот

Скопјанка пронајдена почината во училиште, скопјанец во семејниот дом, телата на обдукција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја