Во француската фудбалска федерација размислуваат за опцијата Килијан Мбапе да биде дел од составот на „триколорите“ на олимпискиот турнир во Токио следната година.
На Мбапе му се допаѓа идејата да игра на ОИ, па во тек се преговори на таа тема. Напаѓачот на Пари Сен Жермен во јуни треба да настапи за сениорската репрезентација на Европското првенство, и би имал малку време за одмор ако треба да игра и во август во Токио.
Веројатно одлуката ќе биде на самиот Мбапе. На олимписките игри, репрезентациите не играат со своите најсилни состави, туку со фудбалери до 23 години, плус тројца поискусни. Мбапе спаѓа во групата на помлади од 23 години, а веќе е голема ѕвезда, и ќе треба добро да размисли дали ќе игра на ОИ.