Османи: Со измените на изборниот модел не губи ДУИ, губат Албанците пратенички места

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи оценува дека со предложените измени на Изборниот законик не губи ДУИ како голема политичка партија, туку губат Албанците. Според него реакцијата не се однесува на СДСМ, туку на фактот да не дозволат да се намали бројот на пратеници Албанци заради изборниот модел.

– Вистина е дека една изборна единица повеќе и одговара на ДУИ. Симулацијата што ја има правено СДСМ е точна дека ДУИ добив два пратеника повеќе со една изборна единица отколку со шест изборни единици, меѓутоа истите симулации покажуваат дека вкупниот број на албански пратеници паѓа за осум до 10 пратеника. Да ДУИ добива како голема партија кај Албанците, но вкупниот број албански пратеници паѓа за осум до десет бидејќи во една изборна единица Донтовата формула ги собира гласовите од помалите партии ги дава на поголемите и така паѓа вкупиот број албански пратеници, изјави Османи во одговор на новинарски прашања.

Истакна дека реакцијата на ДУИ воопшто не се однесува на СДСМ, на некакви меѓукоалициски односи, туку се однесува на фактот дека, како што рече, нема да дозволиме бројот на пратеници Албанци да падне заради изборниот модел.

Пратеничката група на ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на предлог–измените на Изборниот законик.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски