СДСМ: Седум факти за незаконскиот долг на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра, Мицкоски е ист како Груевски

Од:

„Факт број еден: ВМРО-ДПМНЕ има долг од 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска за претседателските избори.

Факт број два: Сметката за изборната кампања е затворена и со тоа долгот веќе не може да се подмири.

Факт број три: Со тоа е прекршен членот 1 од Изборниот законик каде е јасно наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.

Факт број четири: Одговорен за финансирањето и потписник на сметката е Игор Јанушев, тоа го укажа и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Сиљановска.

Факт број пет: Христијан Мицкоски со денови молчи и не бара одговорност од неговиот генерален секретар Јанушев.

Факт број шест: Со таквото однесување Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски кој надвор од законот сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра.

Факт број седум: Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата е навикната на деструкција, блокади и незаконско работење и нема намера да излезе од таа матрица.

Казната за таквото однесување стигнува на 12 април кога граѓаните одново ќе ги поразат погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он