Груби: ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на Изборниот законик

Од:

Пратеничката група на ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на предлог – измените на Изборниот законик, затоа што смета дека процес на еднонасочно, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси е опасен преседан со кој би се соочило ова Собрание и политичката сцена во нашата држава, изјави денеска пратеникот на оваа партија, Артан Груби.

– Сметаме дека тие правила на игра за сите политички партии мора да се донесат консензуално во согласност со сите политички партии, рече Груби на денешната прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ДУИ е за менување на изборниот модел, Груби рече дека партијата е за разговори, информирајќи оти за утре министерката за правда Рената Дескоска свикала состанок на сите парламентарни, но и вонпарламентарни партии и на претставници на цивилното општество и на други институции, на кои ќе се разговара за изнаоѓање најдобар можен изборен модел и Изборен законик.

Овие решенија, како што рече, би требало да бидат консензуално срочени во Предлог-закон и усвоени од сите затоа што тие правила на игра се однесуваат на сите.

Според него, не би требало да се прават опасни преседани со партиски калкулации само за следните избори од која било страна, затоа што со тоа се отвора Пандорината кутија и нема да се знаат последиците.

Претходно, претседателот на собраниската Комисија за политички систем Александар Кирацовски информираше дека за измени на Изборниот законик досега се поднесени 6.000 амандмани.

Би можело да ве интересира

Не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, велат од ДУИ

Влен: ДУИ нема свои кандидати на изборите, се надева на милоста на Села и Таравари

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

Адеми: Бараме истрага за работата на безбедносните служби од 1945 наваму и проверка на потеклото на имот на сите носители на јавни функции

ДУИ: Претстојните локални избори не се само натпревар за управување со општините, туку се политички референдум