По неколку неуспешни обиди, Француската фудбалска репрезентација успеа да обезбеди ривал за својот национален тим во подготвителниот период за ЕУРО 2020. Пријателски меч со Франција сe согласи да игра репрезентацијата на Украина.
Средбата ќе се одржи на 27 март 2020 година, најверојатно во Франција.
Претходно пријателски меч со „триколорите“ одбија неколку селекции меѓу кои и Белгија која се „исплаши“ со евентуален пораз, пред крајот на годината да ја загуби првата позиција на ФИФА рејтинг листата.