УЈП најде начин да им пушти плата на вработените во СЈО, но без високите надоместоци за доверливост

Од:

Вработените во специјалното јавно обвинителство добија плати и додатоци на платите за септември и октомври, потврдија вработени за „А1он“. На сметките на вработените, освен двете плати, легнале пари и за додатоците од 35 отсто за посебни услови за работа, постоење висок ризик и доверливост, но без високите суми за надоместоци за доверливост.

Вработените во оваа институција очекуваат плата за ноември. Утрово испративме прашања до Управата за јавни приходи на кој начин е извршена уплатата со оглед на тоа што институцијата нема овластен потписник, но одговор oд таму досега не добивме.

Според информации на „А1он“, вработени од ова обвинителство поднеле анонимна пријава до УЈП за неисплатените плати. Неодмна телекомуникацискиот оператор им ги врати телефонските линии и интернетот на вработените кога кратко време беа со исклучен интернет и само со една линија.

Неисплатените надоместоци за доверливост вработените имаат право да ги бараат од матичното обвинителство, бидејќи, како што велат, за тоа потпишале договори со својата шефица Катица Јанева. Не е исклучена можноста тие да поднесат тужби и со тоа да ги добијат надоместоците за кои склучиле договори.

Законот за јавнообвинителската служба, со кој државнот јавен обвинител Љубомир Јовески требаше да добие овластување за да ги преместува стручните соработници и другите вработени, никако да дојде на дневен ред на Собранието.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за високите надоместоци за доверливост што ги добивале вработените во СЈО.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов