Претседателот на италијанскиот фудбалски клуб Наполи, Аурелио де Лаурентис, каде што настапува и нашиот фудбалер, Горан Пандев изјави дека Едисон Кавани може да си замине од клубот само доколку некој издвои 70 милиони евра.
-Ако некој лудак е подготвен да плати 70 милиони евра, ние ќе седнеме да се договориме. Во тој случај Наполи ќе има заработка од 63 милиони евра, но сепак конечната одлука останува на Кавани. Во сезонава постигна 29 гола на 35-те натпревари во дресот на Наполи. Тој знае дека луѓето го сакаат не само поради тоа што е добар фудбалер, туку затоа што е сериозна личност – изјави претседателот на клубот.
Досега интерес за Кавани покажаа повеќе фудбалски клубови, помеѓу кои и ПСЖ, Челзи и Манчестер Сити.
Елена Георгиевска