Капитенот на Рома Франческо Тоти би можел да се врати во италијанската репрезентација по шестгодишна пауза, најави селекторот Џезаре Прандели. Тој бил воодушевен од последните игри на Тоти, а одличните настапи ги дополни со серија погодоци што го искачија на втората позиција на листата на стрелците во историјата на Серија А.
– Ако на месец дена пред Светското првенство идната година игра во форма во која се наоѓа сега и биде вака физички и психички подготвен, тогаш сигурно ќе добие повик за настап на Мундијалот, секако доколку ние се пласираме, истакна Прандели.
Сличен став италијанскиот селектор имаше и кон другите поискусни репрезентативци како што се Антонио ди Натале пред еврошампионатот, а пофалби доби и Антонио Касано за неговата игра против Тотнехем во Лига Европа.