Еспер: Наредив преиспитување на безбедноста на воените бази во САД

Од:

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер соопшти дека по нападот на Флорида им наредил на вооружените сили да ја преиспитаат безбедноста на воените бази и да проверат процедури што поминуваат странски војници кои доаѓаат во САД на обука.

Припадник на саудиското воено воздухопловство во петокот во база на морнарицата во Пансакола на Флорида со огнено оружје уби три лица и рани уште осуммина.

Еспер во изјава за Фокс Њуз нагласи денеска дека од надлежните офицери бара „да се осигураат дека се преземени сите мерки за безбедност“ на воените подрачја.

Од Пентагон побарал да разгледа проверки на странски војници кои доаѓаат во САД на обука.

Американскиот министер исто така рече дека политичкиот договор со талибанците и авганистанската влада е „единствениот пат напред“ за прекин на долготрајната војна на земјата, додавајќи дека САД постигнале сузбивање на „иранското лошо однесување“ на Блискиот исток.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски