Трамп: Израел никогаш немал подобар пријател во Белата куќа од мене

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел никогаш немал подобар пријател во Белата куќа од него, бидејќи за разлика од неговите претходници тој ги остварува ветувањата.

Тој, зборувајќи на форумот на Израелско-американскиот совет на Флорида, потсети дека го признал Ерусалим за престолнина на Израел, ја преместил американската амбасада таму и го признал израелскиот суверенитет во Голанската Висорамнина.

Трамп истакна дека неговите претходници ветувале дислоцирање на Амбасадата на САД, но тоа не го оствариле.

– По мое мислење тие никогаш не планирале да го направат тоа. Но за разлика од други претседатели, јас ги исполнувам ветувањата, нагласи американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски