Жерновски: Добра вест од Шпанија

Од:

Добра вести од Шпанија, напиша денеска на својот „Фејсбук“ профил, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, кој истакна дека се одржа конститутивната седница на Долниот дом на Парламентот на Шпанија, со положување на свечена заклетва на новите пратеници.

-Со 166 гласови во вториот круг на гласање, Меричел Батет е реизбрана за претседател на Конгресот, а веднаш започна и формирањето на парламентарните комисии. За нас, во контекст на последната ратификација на Пристапниот протокол за Република Северна Македонија во НАТО, ова е исклучително добра вест. По вчерашниот НАТО Самит во Лондон, веќе е јасно дека нашата татковина е рамноправен член на моќната глобална заедница, напиша Жерновски на „Фејсбук“ статусот.

Би можело да ве интересира

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он