ВМРО-ДПМНЕ: Анкетата на „Прогрес“ го залажува членството на СДСМ

Од:

Резултатите од анкетата на „партискиот институт на СДСМ“, „Прогрес“, има за цел да го самозалажува членството на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако денеска Институтот објави анкета според која СДСМ е во предност, а голем е бројот на неопределени граѓани.

„Институтот Прогрес, впрочем, и на досегашните изборни циклуси правеа катастрофални промашувања за изборните резултати. Тоа го прават и денес. Самиот институт „Прогрес“ е формиран и раководен од функционери на СДСМ. Основачи на овој институт се Емилијан Станковиќ, портпарол на СДСМ и пратеник во Собранието на РМ, Драган Тевдовски, член на Извршниот одбор на СДСМ, Каролина Ристова – Астеруд, секретар за меѓународни прашања во СДСМ, поранешен советник во Град Скопје од редовите на СДСМ и поранешен пратеник во Собранието на РМ, Александар Чеботарев, организациски секретар на СДСМ за град Скопје, Виолета Сотировска, советник од редовите на СДСМ во Општина Битола, Љубица Јанчева, член на раководството на СДСМ во Струмица“, пишува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму сметаат дека досега во Македонија не е видено „вакво самозалажување какво што прави партискиот продолжеток на СДСМ, институтот Прогрес“.

„Најдобар демант на резултатите на оваа анкета на институтот Прогрес, ќе дадат граѓаните на 24 март, како што беше случај на досегашните предизборни анкети од овој институт. На Бранко Црвенковски дотогаш му останува лажно да го храбрат анкетите кои му ги подготвуваат во СДСМ, а се далеку од реалноста“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски