Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика сите земји да го почитуваат ембаргото на испорака на оружје во Либија и да се држат на страна во конфликтот во таа северноафриканска држава.
Набљудувачите на ОН за почитување на санкциите претходно ги обвинија Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Турција за кршење на ембаргото.
Советот за безбедност на ОН бара од сите држави да „не интервенираат во конфликтот ниту да преземаат акција која би го влошила конфликтот“ и изразуваат загриженост поради „зголемената вклученост на платеници“.
Одлуките се усвоени со консензус.