Фудбалерот на Милан во интервју за италијанските медиуми говорел за неговиот поранешен тренер Роберто Манчини, за Жозе Мурињо, за соиграчите од Интер, но и за Роналдо и Меси.
Контроверзниот напаѓач истакна дека луѓето измислувале многу приказни за него и дека не е се вистина она што се пишувало во медиумите.
„Некои луѓе не знаат како да заработат пари, па и поради тоа се занимаваат со туѓите животи. Трачевите се една работа, но она луѓето што го прават е страшно. Многу приказни околу мене се невистинити, само 0,01 отсто од она што го зборуваат е точно“ – изјавил Балотели.
„Точно е дека отидов во Италија, наместо да ја славам титулата со Сити. Не запалив огномет во својата куќа, тоа е лага. Како тинејџер не можев да правам како и останатите деца. Можеби имам убав автомобил и куќа, но понекогаш сакам да бидам само обично момче“ – додава Балотели.
Италијанскиот репрезентативец не крие дека е воодушевуван од Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Златан Ибрахимовиќ.
„Тоа што до сега не ја освоив „Златната топка“ е моја вина. Постојат играчи на кои се дивам и кои се подобри од мене. Тоа се Меси, Роналдо и Ибрахимовиќ“ – завршил Балотели.