Иран: Француското активирање на механизмот за нуклеарниот договор е неодоговорно

Од:

Иран како неодговорни ги отфрли француските коментари дека официјален Париз сериозно размислува за активирање на механизмот во рамки на нуклеарниот договор што може да доведе до санкции на Обединетите нации, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусави, јави иранската државна телевизија.

-Иранското намалување на нуклеарните обврски е спроведување на неговите законски права да реагира на американското илегално и едностарно излегување од договорот и неисполнувањето на обврските од страна на европските земји, рече Мусави, пренесоа британските медиуми.

„Во овие околности, договорот не дозволува активирање на механизмот од страна на европските држави, а таквите забелешки на француските официјални претставници се неодговорни и неконструктивни, истакна портпаролот на иранското МНР.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел