Фудбалерите на Јувентус синоќа во 29-то коло од италијанската Серија А, со победата над Болоња од 0:2 се приближија кон одбрана на титулата.
Тоа што беше во фокусот на мечот е провокацијата од страна на тренерот на Јуве, Антонио Конте.
Пред самиот крај на натпреварот Конте се шеташе во тренерскиот простор, и ги подигнуваше рацете што не им се допадна на луѓето во клубот од Болоња и на нивните навивачи.
Меѓутоа Конте не ги прифати критикитеи јасно порача дека победата може да ја слави како што тој сака.
„Зар не е допуштено да се слави победа? Што може да правам ако не тоа? Дозволено е нашиот автобус да биде каменуван, а не е дозволено да се радувам на победата. Ова е важна победа за нас и поради тоа ја прославив на ваков начин, а ќе славам и во иднина“- изјави стратегот на „Старата Дама“.