Фон дер Лајен: Скопје и Тирана требаше да започнат со преговорите

Од:

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен веднаш по изборот на составот на Комисијата од страна на Европскиот парламент, пред новинарите изјави дека Северна Македонија и Албанија заслужија да започнат со преговори.

– Целосно сум убедена дека е во наш стратешки интерес да ги приклучиме земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите. Ние побаравме многу од овие земји. Сега треба да се убедат сите во Советот на ЕУ, рече претседателката на ЕК.

Според неа, легитимно е Советот да поставува прашање за процесот на проширувањето, но оти за двете земји новите правила не треба да важат.

-Го поздравувам тоа што процедурите за проширување се ставени на масата. Тоа е право на Советот. Но, за Северна Македонија и Албанија, од кои побаравме длабоко да се реформираат и трансформираат, заслужуваат да не ги менуваме правилата кои им ги дадовме претходно, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

Орбан: САД сакаат мир, Европа сака војна

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

„Политико“: Вашингтон менува курс, Европа на маргините на глобалните стратегии

Орбан: ЕУ планира да ја собори унгарската Влада

Медиуми: „Брисел ги лади очекувањата на Киев за членство во ЕУ“

Захарова: Москва веднаш ќе одговори на замрзнувањето на руските средства во ЕУ