(ВИДЕО) Љутков: ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вандализмот и хулиганството од страна на група граѓани во МНТ

Од:

„Целата македонска јавност е згрозена од синоќешниот вандализам и поганење на македонскиот народен театар.

Болно е за Заев и неговите соработници тоа што со секој изминат ден се повеќе се гледа нивната неспособност нешто да изградат, но недозволиво е заради тоа да сквернават се што некој друг пред нив изградил.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вандализмот и хулиганството од страна на група граѓани во МНТ“, рече Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Снимката која излезе во јавноста, а од која се гледа како се оштетува имотот на МНТ е срамна и доказ дека со оваа власт е пробиено дното

МНТ е институција за одржување на театарски претстави и културни собири, а не сцена за дивеење на навивачки групи.

Директорот на МНТ мора да одговори како можел да дозволи изнајмување на театарот на навивачка група, и по кој основ е издаден театарот, колку е платено за неговото издавање и руинирање, и дали воопшто е платено? Како може да се издава театарот само со јавување на телефон, па нели има правилник и процедура за тоа, и на крај кој ќе сноси одговорност и кој ќе ја плати штетата? И зошто никој од обезбедувањето не реагира кога поединци почнаа да дивеат и да се качуваат по седиштата.

До каде оди лудилото на оваа власт!?

Одговорност мора да има и од заменик министерот за култура, министерот за култура, националниот координатор за култура, како и советниците за култура на Зоран Заев. Со овие луѓе на чело, културата одамна е пропадната.

На местото каде во петокот вечерта се дивееше големите имиња на македонскиот театар поминуваат часови, денови и месеци во проби и претстави. Творат и работат. Ова е потценување и понижување и на нивниот труд.

МВР мора најбрзо да ги пронајде сторителите на вандалскиот чин и да ги казни согласно законот.

Се друго ќе биде само потврда дека овој вандалски чин е свесно организиран.

И за едно сте во право господине премиер, манифестацијата и не била баш културна“, изјави Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски