Адеми: Радоста и јубилеите може да ги славиме како што сакаме, се додека нема говор на омраза

Од:

Министерот за образование и наука Арбр Адеми денеска коментирајќи го однесувањето на навивачката група „Шверцери“, која во петокот го оштети инвентарот во Македонскиот народен театар, рече дека јубилеите може да се слават како што се сака, се додека нема говор на омраза.

– Радоста, среќата и јубилеите може да ги славиме како што сакаме, се додека не се употребува говор на омраза. Тоа е недозволиво, без разлика од кој и да е. Не сум видел нешто невообичаено. Ако имало говор на омраза го осудувам без разлика од кого е, но ако немало говор на омраза, можеме да славиме. Говорот на омраза или какво било друго поведение коешто би го загрозило редот и мирот, тоа секако го осудуваме, без разлика од кој и да е, изјави Адеми.

Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Протоколот за соработка со САД, министерот Адеми рече дека нема ништо невообичаено во тоа навивачи да слават јубилеј во културна институција.

– И навивачите можат да бидат културни и да слават во културна институција. Јас би сакала уште почесто во културни институции да слават јубилеи на културен начин, истакна Адеми.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

На граничниот премин Прешево-Табановце фатени македонски шверцери со скапи часовници