Правобранителот ќе ѝ ги бара 157-те илјади евра на Јанева ако Обвинителството отвори истрага

Од:

Државното правобранителство ќе ја чека одлуката на Обвинителството, кое треба да испита дали за високите надоместоци, кои екшефицата на СЈО, Катица Јанева, самата си ги доделувала за доверливост, како и на обвинителите, има основи за кривично гонење за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Ова особено затоа што од објавените снимки на весникот „Ла Верита“ можеше да се чуе дека Јанева изнела доверливи податоци за истрагата пред Бојан Јовановски, кој на никаков начин не е поврзан со предметот „Империја“.

Заменик-државниот правобранител Сашо Станчевски за „А1он“ рече дека ако Обвинителството поведе постапка и отвори истрага, тогаш Правобранителството ќе предјави отштетно побарување.

„Има механизми преку кои тоа може да се испита, но треба да се докаже дали е оштетен буџетот. Ние постапуваме по службена дожност“, вели Станчевски за „А1он“.

Дата-базата „Отворени финансии“ откри дека Јанева вкупно зела 157 илјади евра само за надоместоци за изминатите четири години.

Поранешната обвинителка секој месец земала приближно по 42 евра за тоа што работи надвор од местото на живеење. Јанева добивала и 400 евра за кирија и сметки. Преку ставката „други трансфери“ за додатоци за доверливост Јанева ги зела најголемите суми, кои месечно достигнувале до 4.000 евра.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Многу скоро ќе ја видиме Јанева како оди по емисии на владините медиуми, по поткасти и по порталите од кујните на ДПМНЕ

Јанева е на условен отпуст, го напушти казнено-поправниот дом „Идризово“

Горан Наумовски

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on