Дадилката која претепа дете пренесена во затворот во Шутка

Од:

Дадилката Живка П. која пред два дена на камерите во игротеката „Дежаву“ беше фатена како претепува двегодишно дете, е спроведена во истражниот затвор во Шутка, откако ѝ беше определен 30-дневен притвор. Од фотографиите до кои дојде „А1он“ се гледа како 59-годишната дадилка со лисици на рацете ја изнесуваат од обвинителството и со полициско комбе ја спроведуваат во суд, а потоа во притвор.

Дадилката ќе одговара за кривично дело ‘запуштање и малтретирање на дете’ од чл.201 од Кривичниот законик, за кое е предвидена затворска казна од една до десет години затвор.

Настанот се случи во четвртокот кога кога сопственикот на игротеката „Дежаву“ пријавил дека околу 11 часот при проверка на безбедносните камери забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете.

„Се испостави дека станува збор за негувателка која ги чува трите деца за 500 евра месечно. Мајката била на работа, а таткото во странство. Станува збор за 59 годишна негувателка која била ангажирана од семејството да се грижи за нивните три двегодишни деца“, изјави тогаш Зоран Василевски, ПР менаџер на игротеката.

На видеоснимката од безбедносните камери која што беше објавена и на социјалните мрежи се гледаше како негувателката брутално го влече детето кон себе, го седнува во скут и му ја затнува устата. Потоа му удира шлаканици и го седнува спроти неa. По неколку минути негувателката продолжува физички да го малтретира детето под тобоганот.

Од Асоцијацијата на дадилки го осудија случајот и изјавија дека „ваквата состојба се должи на една долгогодишна анархија во областа на згрижување и нега на деца“.

„Законот за заштита на деца е менуван неколку пати во изминативе две децении но сѐ уште не дава применливо и соодветно решение, особено во домашното згрижување на деца. Според последните измени на Законот за заштита на деца за работа како негувателка на деца во домашни услови доволно е кандидатот да има завршено средно образование (и тоа било какво) за да полага за лиценца за негувателка. Полагањето за лиценца е полагање за дозвола за работа и ниту на еден начин не е доказ за знаење, вештини и компетенции на една личност“, изјавија од Асоцијацијата.

Од Министерството за труд и социјала изјавија дека ќе извршар вонреден инспекциски надзор во Агенцијата преку која била ангажирана дадилката .

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски