Милан со официјална понуда до Ибрахимовиќ

Од:

Италијанскиот прволигаш Милан, испрати официјална понуда до фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, кој сака да го врати во своите редови, откако Швеѓанецот го носеше црвено-црниот дрес и од 2010 до 2012 година.

Милан се спомнува како фаворит за привлекување на популарниот Ибра, на кого наскоро му истекува договорот со клубот Лос Анџелес галакси. Златан како играч на Милан на 85 меча даде 56 гола, а во 2011 година го освоија скудетото во Серија А, што е последна шампионска титула за „росонерите“.

Според италијанските медиуми, во јануари, ветеранот Ибрахимовиќ повторно ќе заигра во дресот на Милан, но прво треба двете страни да се договорат околу висината на платата. Интерес за Ибра има и од Наполи и Болоња, но Милан заасега е најконкретен.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска