Марадона реши да се врати во Гимназија

Од:

Аргентинската легенда Диего Марадона ја објави својата одлука да се врати во локалниот тим од Суперлигата, Гимназија Ла Плата, само два дена по заминувањето.

– Јас сум крајно среќен што можам да објавам дека ќе останам на чело на Гимназија, напиша тој на социјалните медиуми, истакнувајќи дека причината за промената во неговата одлука лежи во фактот дека „конечно ги обединивме политиките во клубот“.

Потсетуваме дека Марадона претходно објасни дека не сака да остане во аргентинскиот клуб, откако претседателот на Гимназија, Габриел Пелегрино, човекот кој го врати во Аргентина, се повлече од кандидатурата за реизбор следната сабота. Сепак, илјадници приврзаници излегоа пред зградата на раководството, барајќи тој да се врати во клубот.

Педесет и девет-годишниот поранешен капитен и тренер на Аргентина ја презеде Гимназија на почетокот на септември, кога тимот се наоѓаше на 24-тото место во првенството.

– Се надевам дека директорите ќе го зајакнат клубот како што беше ветено, рече Марадона.

Светскиот шампион со „албиселесте“ беше идентификуван како херој по неговото враќање во аргентинскиот фудбал, години откако беше тренер во странство, но тој не успеа да ги сврти работите во Ла Плата.

Гимназија победи на три од своите осум меча со Марадона на кормилото, сите на гости додека загуби четири од своите домашни натпревари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Парагвај ја изненади Аргентина, Винисиус промаши пенал за победа на Бразил

А1он

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски