Думата усвои закон за новинари како странски агенти

Од:

Руската Дума усвои предлог закон кој на Владата и дава право да ги регистрира блогерите, новинарите и корисниците на социјалните медиуми како странски агенти.

Предлог-законот го проширува постојниот закон за медиуми кои финансирани од странство, донесен во 2017 година, како одговор на одлуката на Министерството за правда на САД, руската телевизија РТ да ја окарактеризира како странски агент.

Новиот закон може да се примени за секој кој дистрибуира содржини од медиуми кои се регистрирани како странски агенти и прима уплати од странство.

Хјуман рајтс воч оцени дека предлог законот е „понатамошен чекор кон ограничување на слободните и независните медиуми во Русија кој ќе ги погоди новинарите и блогерите“.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Арлем Дезир вчера ги повика пратениците да не го усвојат законот.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија