ВМРО-Народна партија упати остра реакција до Државната изборна комисија.
Имено ВМРО-Народна партија бара Државната изборна комисија да ги исклучи од претстојниот изборен процес политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ поради, како што велат, кршење на изборниот законик односно поради отпочнување на предизборна кампања вон законскиот рок.
„ВМРО-Народна партија смета дека со ваквите чекори не само што се урнисува демократската атмосфера и процес туку и се дискриминираат помалите политички партии со што државата свесно се вовлекува во нефер предизборен процес односно кампања која треба да започне приближно дваесет дена пред закажаниот ден за избори“, велат од ВМРО-Народна партија.