Путин го информирал Макрон дека на Украина и се вратени трите запленети бродови

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со својот француски колега Емануел Макрон за ситуацијата во Украина.

„Владимир Путин го информираше претседателот Макрон дека во водите на Црното море е изведено предавање на три воени бродови на украинската морнарица што биле вмешани во провокации во подрачјето на Керчкиот теснец“,се навдува во соопштението на Кремљ.

Како што се наведува во соопштението, во текот на разговорите главното внимание било посветено на ситуацијата во Украина, земејќи во предвид дека се подготвува самит во нормандискиот формат, што, како што се очекува, ќе се оддржи на 9 декември во Париз.

„Двете страни нагласија дека таквите средби треба да овозможат брза и полна реализација на Минските договори“, додаваат од Кремљ.

Двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Сирија и за прашањата на билатералната соработка.

Претходно руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва на украинската страна и предала три брода на украинската морнарица што биле задржани минатата година во близина на Керчкиот теснец, заради повреда на руската граница.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Додик отпатува за Русија