Советничка на српскиот претседател откри детали: Вучиќ два дена практично беше на апарати

Од:

Советничката за медиуми на претседателот на Србија, Сузана Васиљевиќ, говорејќи за здравствената состојба на Александар Вучиќ кој во петокот беше хоспитализиран, поради кардио-васкуларни проблеми, рече дека и самиот тој видел дека нешто сериозно не е ево ред, па побарал да биде примен на ВМА.

– Во петокот здравствената состојба на претседателот на Србија нагло се влоши, па доцна попладне беше примен во болница. Вучиќ не признава настинки, температури и грипови, но сега и тој сфати дека нешто не е во ред, рече за ТВ Пинк, Сузана Васиљевиќ.

– Толку беше лошо што сам побара да биде однесен во болница. „Трчавме“ по цел свет во најлоши состојби, но сам сфати дека овој пат нешто не е во ред. Утрово ги дознавме резултатите од анализите, а тој два дена помина на апарати, кажа советничката на Вучиќ.

Ситуацијата, како што вели, денеска е малку подобра и таа се надева дека српскиот претседател ќе почне повеќе да ги слуша докторите и да зема терапија.

– Поголемиот дел од јавноста искрено се загрижи. Вучиќ доби голем број пораки од Макрон, Додик, Борут Пахор, рече Васиљевиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски