Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, во последното трансфер лето на кормилото на клубот одбил да плати повеќе од 50 милиони фунти за Хари Мегваер.
Како што е познато, англискиот репрезентативец се префрли на „Олд Трафорд“ за сума од 80 милиони фунти од тимот на Лестер Сити минатото лето. Сепак, „црвените ѓаволи“ биле во можност да го привлечат дефанзивецот за многу помала сума.
Во 2018 година, Мурињо сакаше да го привлече дефанзивецот во Јунајтед, а бараната сума од Лестер била 60 милиони фунти. Сепак, португалскиот менаџер сметал дека плаќањето таков износ ќе биде понижувачки за неговиот престиж и не сакал да им даде повеќе од 50 милиони.
На крајот на краиштата, неуспехот на Мурињо да привлече врвни трансферни цели се покажа како пресуден, а Специјалниот беше отпуштен во декември. Тој беше заменет од актуелниот менаџер на тимот, Оле Гунар Солскјер.