Манчини: Рекордите се добра работа

Од:

Селекторот на Италија, Роберто Манчини беше многу задоволен од победата од 3:0 над Зеница во Босна и Херцеговина. „Азурите“ го задржаа својот 100% учинок во квалификациските средби и го подобрија својот рекорд од пред 80 години со 10 последователни победи.

– Среќни сме со победата. Јас нема да лажам – убаво е што го подобривме рекордот од времето на легендарниот Виторио Поцо. Игравме одлично. Знаевме дека натпреварот нема да биде лесен затоа што Босна и Херцеговина е сериозна екипа со технички потковани играчи, но многу брзо започнавме да го контролираме она што се случуваше на теренот, рече Манчини по мечот.

Сепак тој најде „проблеми“ во играта на својот тим.

– Ако треба да барам проблем, тоа е што се повлековме многу назад во последните 15 минути. Кога сме уморни, мора да ја задржиме топката и да го натераме противникот да трча повеќе, рече селекторот на Италијанците.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска