(ВИДЕО) Дескоска: Да се испита имотот на судиите и обвинителите, слушаме за дилови меѓу нив

Од:

Министерката за правда, Рената Дескоска на прес-конференција ја повика антикорупциската комисија да го испита имотот на судиите и обвинителите како прв чекор кон ветинг.

Дескоска рече дека не може за судството да се разговара само кога се во прашање парите. Судската власт има најмала доверба во јавноста и има најмалку легитимитет да говори за покачување на платите.

„Слушавме за примери во кои судски доставувачи возат подобри автомобили од некои судови, слушаме за бизнис зделки меѓу судии обвинители и адвокати и за тоа очекуваме реакција и од обвинителството и од судскиот совет. Но, за жал гласот од редовите на судството го слушаме само кога станува збор за распределбата на пари. Судската власт има најмала доверба во јавноста и има најмалку легитимитет да говори за покачување на платите“, оцени таа, откако денеска судската администрација излезе на протест за додатоците на плата.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО