На зелените пазари во февруари годинава во споредба со истиот месец лани најмногу поскапеле црвените домати, компирите, гравот и лимоните, а најголемо намалување на цената има кај лукот, зелката и спанаќот, објави денеска Државниот завод за статистика.
На пазарите на големо. пак, најголемо зголемување на цените е регистрирано кај компирите, кивите и лимоните, а најголемо намалување кај зелката.