Црна Гора не сака да биде дел од „малиот Шенген“

Од:

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, рече дека приклучувањето кон иницијативата „мaл Шенген“ за балканските држави предложени од Албанија, Северна Македонија и Србија ќе биде губење на енергија затоа што нејзината земја веќе „ги отвори своите граници“ и ги укина трговските бариери на соседите.

Таа рече дека Црна Гора е членка на ЦЕФТА, Централноевропскиот договор за слободна трговија, регионална иницијатива за земјите од Западен Балкан, која гарантира слободен проток на луѓе и на стоки.

„Ги разбирам иницијаторите. Овие се земји кои, заради различните трговски бариери што си ги поставија едни на други, можеби ќе им треба нова иницијатива за повторно да ветат дека ќе го сторат тоа што ние одамна го сторивме“, рече Секулиќ пред црногорскиот јавен сервис.

На самитот во Охрид во Северна Македонија на 10 ноември, албанскиот премиер Еди Рама, премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ се обврзаа да работат заедно за укинување на бариерите за движење на стоки и луѓе меѓу трите балкански земји.

Тие, исто така, ги поканија и другите балкански земји да се приклучат на иницијативата.

По средбата Заев рече дека зоната „мал Шенген“ ќе помогне во зајакнувањето на економскиот раст и странските инвестиции.

Би можело да ве интересира

Уапсен е Вехид Муриќ, осомничен за тројното убиство во Подгорица: Меѓу жртвите е и српски државјанин

Горан Наумовски

Трагедија во Црна Гора: Тројца браќа се убиени во населбата Стар Аеродром

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата ја опколи зградата каде што живее братот на Мило Ѓукановиќ

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски

Уапсени се Блажо Шарановиќ и Весна Братиќ

Абазовиќ бара предвремени избори во Црна Гора