На судењето за „Трезор“ се репродуцираат снимки од главната расправа

Од:

Со репродуцирање на снимките од главна расправа од септември минатата година на која се изведуваат материјални докази, во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за набавката на опрема за следење на комуникациите за потребите на Петтата управа при УБК Судењето за предметот „Трезор”, во септември оваа година започна одново, бидејќи од одржувањето на последното рочиште поминаа 90 дена.

Случајот го води судијката Женета Бегтовиќ и се наоѓа во доказна постапка.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски