А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Макрон го уверил Пендаровски дека не нуди алтернатива на ЕУ за Скопје, но бара време

by А1он12/11/2019 - 14:2012/11/2019 - 14:21727
Share0

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, по средбата со неговиот француски хомолог Емануел Макрон, порача дека има „отворен и динамичен“ разговор, но гаранции за датумот од Париз сѐ уште нема. Макрон бара време за внатрешната реформа на ЕУ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Претседателот Пендаровски ги изложил своите аргументи пред Макрон, и ги слушнал неговите. Според Пендаровски, Франција веќе поднела неформален предлог (нон-пејпер) до земјите членки на ЕУ за реформата на методологијата на пристапните преговори за членство, реформа која Макрон ја бара пред да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Претседателот Макрон веќе почнал со расчистување на новата методологија. Тие имаат предложено „нон-пејпер“ до земјите членки пред една недела, и очекуваат во наредните месец, два, сѐ да заврши со коментари од другите земји членки, евентуално амандмани. Начелно тој мисли дека методологијата најдоцна треба да биде усвоена до март, изјави Стево Пендаровски по средбата со шефот на француската држава.

Пендаровски вели дека Макрон му рекол дека би можело да се очекува конечно одлука за отворање преговори во мај на Самитот во Загреб, но не му дал гаранции дека таа одлука ќе биде позитивна.

– Сите опции се отворени со тоа што Макрон на средбата децидно кажа дека одлагањето е затоа што на ЕУ и треба повеќе време. Тој ми рече „моја стара заложба е продлабочување на ЕУ и промена на методолгијата, знам дека можат да одат паралелно, вие сега сакате само отворање тоа ми е јасно“, му рекол Макрон на Пендаровски и во ниту еден момент не му споменал дополнителни реформи, ниту законот за обвинителство како услов за отворањето преговори.

Македонскиот претседател за време на средбата инсистирал на тоа дека Северна Македонија не прифаќа никаква друга алтернатива на полноправното членство во ЕУ, со што се согласил Емануел Макрон.

– Прецизно ми рече дека никогаш не била неговата намера да ни даде алтернатива на полноправното членство, само сака да го подобри процесот, да не продуцира само бирократски успеси, а суштински неуспеси, рече Пендаровски.

Според него, за Северна Македонија не претставува никаков проблем промената на методологијата.

– Нека ја менуваат како сакаат, ние стоиме зад принципот на реверзибилност. Дури во еден момент му реков дека и како полноправна членка кога би биле, да нѐ исклучите од членство во ЕУ, слободно направете го тоа, не ми е интерес мене да бидам членка таму, а да не бидам демократија, изјави претседателот Пендаровски за медиумите по средбата со Макрон.

За крај, претседателот Пендаровски соопшти дека Емануел Макрон му најавил дека ќе ја посети Северна Македонија во првата половина на 2020-та.

Пендаровски оствари средба со Макрон на маргините на Парискиот мировен форум, но и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, и со австриската канцеларка Биргит Бирлајн.

eumakronpendarovski

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија

А1он13/06/2026 - 10:4013/06/2026 - 10:24

Дмитриев: Европските компании сакаат да се вратат на рускиот пазар

Горан Наумовски12/06/2026 - 13:28

ЕУ: Прво прекин на огнот, потоа преговори меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски08/06/2026 - 14:25

Велика Британија, Германија и Франција поддржуваат директни разговори меѓу Путин и Зеленски

Горан Наумовски08/06/2026 - 09:50

ЕУ: Нема недостиг на гориво за авионите, но поради високите цени се откажуваат некои рути

Горан Наумовски05/06/2026 - 22:21

Џефри Сакс: Завршена е доминацијата на САД и Европа – тие сè уште не се свесни за тоа

Горан Наумовски05/06/2026 - 20:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто