Таткото на командантот на екстремистичката група Исламик Џихад, Салим Абу ел Ата, изјави дека неговиот син Баха, кој е убиен во израелскиот напад врз Појасот Газа, последните денови бил многу повнимателен.
Тој истакна дека неговиот син исчезнал една недела пред нападот и се вратил синоќа да преспие во својот дом.
– Злосторство е да се бомбардира додека спие дома, нагласи таткото на командантот.
Салим Абу ел Ата потврди дека во нападот е убиена и сопругата на неговиот син. Тој имал пет деца, а се придружил на групата Исламик Џихад кога имал 16 години.