Косово избори: Гласовите од Србија неважечки, пребројување на 1.472 гласачки места

Од:

Косовскиот Изборен панел за претставки и поплаки (ПЗАП) одлучи да ја прифати жалбата на коалицијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма) – Алијанса ново Косово (АКР) за бришење од конечниот резултат на парламентарните избори од 6 октомври на гласовите стасани од Србија и ѝ наложи на Централната изборна комисија (ЦИК) да изврши пребројување на гласовите во 1.472 гласачки места.

Со ова, ПЗАП ја поништи одлуката на ЦИК од 7 ноември за прогласување на конечните изборни резултати, со што повторно се одлага на неодредено време формирањето на Собранието, а со тоа и на новата Влада на Косово.

– ПЗАП прифати 53 поплаки како основани, од кои во врска со 52 поплаки одлучи да ѝ наложи на ЦИК пребројување на 1.472 гласачки места.

Во врска со поплаката поднесена од од коалицијата Нисма – АКР, Панелот одлучи да ја прифати истата како основана и му нложи на ЦИК да ги отстрани од конечните резултати гласовите на гласачите од надвор од Косово дојдени од Србија, се вели во одлуката на ПЗАП.

Од останатите поплаки, 23 се одбиени затоа што не се доставени во законскиот рок, за 25 е одлучено дека се неосновани, а една е повлечена.

Според конечните резултати што ЦИК ги објави минатиот четврток, коалицијата Нисма – АКР имаше освоено 4,98 отсто од гласовите, односно не го помина прагот од пет отсто за добивање места во Парламентот. Со поништувањето на гласовите од Србија, за кои тврди дека се нелегални, коалицијата е убедена дека ќе го надмине прагот и дека ќе има најмалку пет пратеници, а со тоа ќе се промени бројот на пратеници и на неколку други учесници на изборите.

Според реултатите објавени на 7 ноември Движењето Самоопределиување имаше 32 пратеници, Демократскиот сојуз на Косово 29, Демократската партија на Косово 25, а коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската партија 14 места во новиот Парламент. Со одлуката на ПЗАП ќе се намали бројот на пратеници барем на првите три од овие субјекти.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија