ОН: Несреќите низ светот, веќе трета година по ред, чинеле над 100 милиајрди долари

Од:

Загубите од несреќите низ светот во 2012 година, трета година по ред, изнесуваат над 100 милијарди долари, изјави Службата на ОН за намалување на ризикот од природни несреќи, цитирана од ДПА.

Поплавите, земјотресите и студовите минатата година предизвикале штети од 138 милијарди долари, и покрај тоа што немало некоја голема природна катастрофа во градски регион.

Од 1980 година прегледот на економските загуби, предизвикани од големи природни катастрофи, покажува дека од средината на 90-те години на 20 век има зголемување на економските загуби и тоа се претвора во нагорна тенденција, за што потврдуваат загубите од минатата година, изјави службата.

Приближно 9.300 лица загинале од природни несреќи во 2012 година. Најмногу жртви зел тајфунот Бофа, во декември тој го одзеде животот на 1.900 лица во Филипини. Стотици луѓе загинале во поплавите во Пакистан и Нигерија.

Од финансиска гледна точка, најскапа несреќа бил ураганот Санди, што го зафати Источното крајбрежје на САД во октомври, следен од два земјотреса во Италија во мај.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство