Нов тип на ХИВ откриен за првпат по 19 години

Од:

Тим научници откриле нов тип на ХИВ за прв пат од основањето на упатствата за класификација на подтиповите од 2000 година.

Новиот вид е дел од ХИВ-1 верзијата на Групата М, исто семејство на вирусните подтипови одговорни за глобалната пандемија на ХИВ, според „Абот лаборатории“, која ја спроведе студијата во соработка со Универзитетот во Мисури, Канзас. Откритието неодамна беше објавено во списанието “Journal of Acquired Immune Deficiency Syndromes”.

ХИВ има неколку различни подтипови или видови, како и другите вируси, исто така има можност да се промени и мутира со текот на времето.

Многу е важно да се знае кои видови на вирус се присутни за да се обезбеди ефикасност на тестовите што се користат за откривање на болеста.

„Тоа може да биде вистински предизвик за дијагностичките тестови“, рече Мери Роџерс, коавтор на извештајот и главен научник во лабораториите на Абот.

Нејзината компанија тестира повеќе од 60 проценти од снабдувањето со крв во светот. Тие треба да бараат нови видови и да ги пронајдат за да можат точно да ги идентификуваат, без оглед во кој дел од светот се случува ова.

Д-р Ентони Фучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, рече дека сегашните третмани за ХИВ се ефикасни против овој вид, како и други. Како и да е, идентификацијата на новиот вид обезбедува поцелосна мапа на развојот на ХИВ.

Не е јасно како оваа варијанта на вирусот може поинаку да влијае на телото, ако воопшто делува. Тековните третмани на ХИВ можат да се борат со широк спектар на вирусни видови, и се верува дека овие лекови можат да се борат и со новооткриениот вирус.

„Благодарение на ова откритие, би можеле да ставиме крај на пандемијата на ХИВ и мора да продолжиме да размислуваме за ова постојано менување на вирусот и да ги искористиме најновите технологии и ресурси за да ја следиме неговата еволуција“, рече коавторот на студијата, д-р Керол Мекартхур, професор на Катедрата за орална и краниофацијални науки на Универзитетот во Мисури.

Според Светската здравствена организација, околу 36,7 милиони луѓе ширум светот живеат со ХИВ. Според УНАИД, во 2016 година околу 1,8 милиони луѓе биле ново заразени.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска