Дурмиши: До кога ова лудило на расипничко трошење?

Од:

„Зошто Дојче банка не ни даде 250 милиони евра колку што баравме. До кога ова лудило со скапи огради и жални врби кои се сушат?Сите ни се смеат и чудат. И владата признава дека е економска криза а троши неразумно“, рече Рејхан Дурмиши од ПЕИ, на седницата на која се расправа за новото задолжување на државата од 75 милиони евра.

„Oва е невидено расипништво. Владата повторно ги задолжува сите граѓани, а ги троши за споменици и врби. Врв на безобразите е што власта за да го покрие убиств ото кај Смиљковското езеро, објави дека сме земале заем од Дојче банк тежок 250 милиони евра. Каде отиде кредитот“, праша Благоја Стојановски од СДСМ.

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕпраша како можат да одговорат на 33-те провокации секојдневно од опозицијата. Лажете, им се обрати на колегите од СДСМ, не сте ни тестирани дали она што им го ветувате на луѓето шетајќи по селата, можете и да го направите. Им забележа како и за што дискутираат.

„Оваа ваша лекција како да зборуваме, ми личи на она кога премиерот ги учи новинарите како да го прашуваат, врати Стојановски.

„Врбите не носат профит“, рече Зејадин Села од ДПА.

Би можело да ве интересира

ПЕИ бара крвниците и насилниците најостро да бидат санкционирани

Наум Локоски

ПЕИ во опозициската коалиција

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Цаноски: Со задоволство ја потпишавме Платформата за демократска Македонија

Ана Ололовска

Фијат Цаноски се повлекува од политика

Емир Латифовиќ

ПЕИ ја објави листата за парламентарните избори 2014

Емир Латифовиќ

ПЕИ ќе оди самостојно на парламентарните избори

Емир Латифовиќ