„Фулиш Грин“ утре со концертна промоција на прв албум

Од:

Бендот „Фулиш Грин“, познати како нова македонска психоделија, утре концертно ќе го промовира својот прв албум „Ескејп“, во кино „Фросина“ со почеток од 21.30 часот.

Песната „Лајка“, која беше објавена минатата година, е практично најава за албумската објава која содржи 12 композиции.

Бендот е проект зад кој стои пејачот и гитаристот Ненад Стефановски-Брус, а од самиот почеток на идејата „Ескејп“ му се придружија и гитаристот и металфонистот Нико Гаврилов, клавијатуристот Стефан Пехчевски, гитаристот Давор Стојановски, басистот Теодор Бошков и тапанарот Стефан Дамјановски.

Гости на концертот ќе се „Џун“, а за забавата по концертот ќе се погрижи Ди-Џеј Гоце, заедно со Ел-Ди Пистолеро.

Концертот најавен за утре, поради ограничениот број влезници, е распродаден, но затоа „Фулиш Грин“ ќе одржат уште еден концерт во сабота, исто така во кино „Фросина“.

Овде можете да го служнете целиот албум.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски