Варвициотис – Метелко-Згомбиќ: Поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан

Од:

Проширувањето на Европската унија во пресрет на хрватското претседателство со ЕУ од 1 јануари 2020 година беше една од темите за кои разговараа алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтидис Варвициотис со министерката за европски прашања на Хрватска Андреја Метелко-Згомбиќ на нивната денешна средба во грчкото МНР.

-Наш заеднички интерес и заеднички став е дека Југоисточна Европа треба да се интегрира во ЕУ, секако штом се исполнат предусловите. Секоја држава треба да има јасен политички сигнал дека ЕУ членството е тука за нив штом се завршат сите реформи, рече хрватската министерката.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија го повтори ставот дека „Грција го поддржува проширувањето на Европската унија со Балканот и работи за Европа да стане посилна“.

Варвициотис на Метелко-Згомбиќ ѝ посака успех во преземањето на претседателството, рече дека Хрватска ќе има тешка агендата во клучни прашања, „како за завршувањето на преговорите за повеќегодишната финансиска рамка, така и за проширувањето на Европската унија“.

Во однос на хрватското претседателство со ЕУ, Метелко-Згомбиќ ги истакна четирите мотиви на кои ќе работи земјата:на Европа што се развива, ЕУ која се поврзува, Европска унија која заштитува, но исто така и Европа која има влијание.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7