Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов денеска ги коментираше двете изјави на кандидатите за градоначалници од ДУИ, Изет Меџити и Фатмир Дехари.
Изет Меџити кој е кандидат за градоначалник од редовите на ДУИ за Чаир, во Чикаго пред албанската дијаспора вели дека заокружувајки го Дехари вие Кичево го правите дел од етничка Албанија, од вас и од нас зависи дали Кичево ќе остане надвор од картата на етничка Албанија- изјави Ангелов.
Ова се сериозни изјави, рече, кои не водат до добар соживот меѓу Македонците и Албанците и затоа го повикуваме Обвинителството да ги разгледа ваквите изјави и да покрене кривична постапка, бидејќи сме убедени дека ваквите изјави се кривично дело, затоа што предизвикуваат разгорување на меѓунационалните и меѓуверските односи во Република Македонија – рече Стојанче Ангелов.
Тој побара и премиерот Никола Груевски што побрзо да се изјасни за изјавите кои ги дале кандидатите за градоначалници на неговиот коалиционен партнер Али Ахмети, кои, како што истакна Ангелов „си работеле на каузата за Голема Албанија“.