Врховниот суд на Шпанија повторно го активираше европскиот налог за апсење на тројца каталонски лидери, кои ја напуштија земјата по апсењата поради обидот за прогласување независност на Каталонија во 2017 година.
Адвокатот на обвинетите рече дека примил усна потврда од белгиските и шкотските власти во врска со потерниците по Луис Пуиг, Тони Комин и Клара Понсати, кои живеат во егзил во Белгија и Шкотска.