Одложено рочиштето за судење на Берлускони

Од:

Судијата во Милано вчера одлучи од здравствени причини да го одложи судењето на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (76), обвинет за секс со малолетни проститутки.

Лекарски експерти ќе утврдат дали Берлускони претерува кога се жали на инфекција на окото и хипертензијата, со цел да го одолжи судењето пред донесување на пресудата.

Во медицинскиот извештај пишува дека Берлускони има нагли скокови на крвниот притисок.

Следното рочиште е закажано за понеделник, а потоа за 20-ти, 21-ви и 25-ти март, но распоредот ќе зависи од здравствената состојба на обвинетиот.

Берлускони е обвинет за секс со тогаш малолетната Карима Ел-Маруг танчерка, позната под името Руби.

Доколку биде осуден поранешниот премиер може да добие казна затвор до 3 години и 12 години поради наводен притисок врз полицијата да ја ослободат Руби, во една прилика кога беше фатена во кражба.

И Берлускони и Руби негираат дека имале сексуален однос. Ова не е единствената судска постапка против поранешниот премиер.

Медиумскиот магнат се жали на пресудата за затајување на данок, а претходно во одвоена постапка беше прогласен за виновен за објавување на транскрипт разговор на еден политички ривал кого го прислушкувала полицијата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Oтворен тестаментот на Берлускони: Италијанскиот тајкун подели милиони, а им напиша последна порака на децата

Телото на Берлускони ќе биде кремирано, а пепелта ќе биде сместена во мавзолеј

Берлускони ќе биде погребан со државни почести, oпелото ќе биде извршено во Миланската катедрала

Берлускони има леукемија

Горан Наумовски

Берлускони заврши на интензивна нега

Берлускони: Монца до скудетото за година-две