Европскиот првак Челзи долколку сака да ја продолжи евросезоната ќе мора да ја надополни негативата во дуелот со Стеауа во реванш осминафиналето. Романците во Лондон допатуваа со гол предност (1:0 прв натпревар).
Во составот на Стеауа на последните натпревари се врати по повредата македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски. Тој нема да биде единствениот Македонец вечерва на натпреварите од Лига Европа.
Македонски судии ќе ја делат правдата на натпреварот Рубин – Леванте што се игра во Москва со почеток во 18 часот. Александар Ставрев со своите помошници второ коло по ред добива шанса да судат реванш натпревар од ова натпреварување.
Реванш осминафинални двојки: Рубин – Леванте (0:0 прв натпревар), Зенит – Базел (0:2), Интер – Тотенхем (0:3), Бордо – Бенфика (0:1), Челзи – Стеауа (0:1), Фенербахче – Викторија Плзен (1:0), Лацио – Штутгарт (2:0) и Њукасл – Анжи